Промоција на бизнис платформа за прекугранична соработка со Албанија

30

Во организација на Сојузот на стопански комори, денес во Маврово ќе биде промовирана бизнис платформа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

На настанот планирано е да се обратат министерот за локална самоуправа Тахир Хани и евроамбасадорот Аиво Орав. Обраќање ќе има и претседателот на ССК Златко Калеников, кој со градоначалниците на Тетово, Теута Арифи, на Гостивар, Невзат Бејта, на Боговиње, Хазби Идризи, на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди и на Јегуновце, Тони Коцевски, ќе потпишат Меморандум за разбирање.

Платформата ja сочинуваат мали и средни претпријатија, општини и други локални организации од полошкиот регион, а целта е унапредување на бизнис-соработката меѓу двете земји со акцент на полошкиот регион во Македонија и регионот на Корча во Албанија.