Порталот Hitlancer.com најавува втор настан на којшто ќе се промовира документарниот филм за фриленсери, презентирање на брошурата и дружење со нивните поддржувачи, партнери и фриленсери.
“Зад завесата на дефиниции и сериозни протоколи истраживме сочни факти за секојдневието, принципите и ставовите на фриленсерите ширум земјината топка. Копавме малку подлабоко и ја дознавме вистинската боја на концептот за фриленс работа. Под формата на видео интервјуа и лексикон ги споделуваме со вас“, се вели во официјалната покана на Hitlancer.com.
Hitlancer.com претставува онлајн платформа која што овозможува компании или индивидуи (креатори на проекти) да пронајдат лица со одредени знаења и вештини (фриленсери) за нивно интелектуално ангажирање во определен временски период.