Промоција на извозните планови за извоз на свежо овошје и зеленчук

35

fruits-and-vegetablesСтратегиските маркетинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и зеленчук, кои беа изготвени од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, АгБиз програмата на УСАИД и Владината холандска агенција ЦБИ (Центар за промоција на увозот од земјите во развој) во соработка со компанијата Македонија Експорт, денес ќе бидат промовирани.

Минатата година и во почетокот на 2013 овие институции спроведоа пет работилници за развој на маркетинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и нивни преработки, во кои директно учествуваа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија на Република Македонија, како и други релевантни институции.

Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија велат дека главниот резултат на овој процес е дефинирањето на пет пазари со најголем извозен потенцијал за македонските производители, проследено со дополнителна детална анализа и утврдување на можности за дефинираните целни пазари.

Финалните заклучоци од овие маркетинг планови планирано е да бидат интегрирани во Годишната програма за работа на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, во делот на поддршка на промоција на извозот.