Корисниците на услугите на ЕВН Македонија од Битола и Тетово во следните две недели на пункотвите ќе можат да се пријават за услугите е-фактура и траен налог.
Од компанијата информираат дека процедурата за пријавување во банките за потпишаниот траен налог и евидентирањето на корисниците на услугата е-фактура ќе го организира самата компанија во своите наплатни пунктови во Битола и Тетово.
ЕВН ги потсетуваат своите корисници дека со воведувањето на овие начини на наплата се избегнува чекањето на редови за да се наплатат сметките, при што на граѓаните им се дава можност да не доцнат со уплатата на фактурите за електрична енергија, со што би се избегнале плаќање на камати и други законски мерки за ненавремено плаќање на сметките.
Покрај овие две услуги, од ЕВН информираат и дека граѓаните можат да ја користат и нивната нова услуга Говорно сандаче со вртење на телефонскиот број 089 089 089, на која ќе можат да добиваат информации за висината на нивните сметки за електрична енергија, како и за долгот кој го имаат кон компанијата.