Промоција на Прирачникот за општествена одговорност на компаниите

20

Бизнис конфедерација на Македонија денеска организира семинар за промоција на Прирачникот за општествена одговорност.

Целта е да се подигне свеста по однос на ова прашање меѓу бизнис заедницата во Македонија, да се отворат и одговорат некои важни прашања за општествената одговорност и да им се дадат подетални информации на претпријатијата.

На семинарот ќе се обратат претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија, Миле Бошков, претседателот на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, Александар Николов, универзитетскиот професор, Владимир Петковски, претседателот на Националниот совет за претприемништво и конкурентност, Горан Лазаревски, претседателката на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска и Никица Кусиникова од Здружението Конект и контакт лице на Глобалниот Компакт на ОН во Македонија.

Семинарот ќе опфати повеќе теми од кои голем дел се застапени во прирачникот како општествената одговорност како услов за поголема конкурентност на претпријатијата, пристапот на женското претприемништво кон општествената одговорност на претпријатијата, презентација на најадекватните интернационални инструменти за општествена одговорност за малите и средни претпријатија и националните иницијативи и за иницијативите на ЕУ по однос на ова прашање.

Исто така, ќе се дискутира и за Националната награда за општествено одговорни практики, и ќе се спомене поддршката на Националната награда за општествено одговорни практики преку проектот на Бизнис конфедерација на Македонија – Корпоративна општествена одговорност за сите или CSRforALL.