Промоција на проект за енергетска ефикасност во индустријата

22

Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии е наслов на проектот, кој денеска ќе биде промовиран во Скопје, пишува Миа.

Проектот се спроведува од UNIDO во соработка со Регионалниот центар за животна средина – канцеларија во Македонија. Наменет е меѓу другите и за Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенција за енергетика и Македонска банка за поддршка и развој.

На промотивниот настан, кој се смета за прв состанок на проектот треба да се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министрите за економија и за животна средина и планирање, Беким Незири и Нурхан Изаири. Ќе говорат и Катарина Георгиевска, директор на РЕЦ во Македонија и Marco Matteini, советник за индустриски развој UNIDO.

Настанот има за цел да придонесе кон информирање на пошироката публика со интерес во областа на енергетската ефикасност во индустријата и да основа Проектен советодавен комитет.

Проектот Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии се спроведува со директна финансика помош од програмата GEF (Global Environmental Facility) во висина од 1,4 милиони долари и национално кофинансирање во висина од 5,9 милиони долари обезбедени од националните институции, МБПР и корисничките партнер – компании.