Промоција на вината на Винарија Стоби во Канада

65

Vinata na vinarija Stobi promovirani vo KanadaМакедонската винарија Стоби беше спонзор на настанот во организација на Македонија 2025 на коктелот во Торонто на кој присуствуваа повеќе од 60 македонски и канадски бизнисмени. Престојот во Канада го искористи за договор со специјализираниот увозник за висококвалитетни вина United Stars Canada, преку кој Винарија Стоби успеа да направи влез на своето вино Врнаец Класик на канадскиот пазар.

“Овој деловен престој во Канада беше од големо значење за нашата винарија и промоцијата на нашите вина на истиот. Пред се, презентацијата на вината на Стоби пред македонската дијаспора во Канада како прв чекор за можно ширење на пазарот. Пласирањето на Вранец Класик во LCBO (Liquor Control Board of Ontario) е огромен предизвик за нашата компанија затоа што значи ширење и претставување на нашите производи на еден голем пазар како што е канадскиот, на кој владее исклучително голема конкуренција кога станува збор за висококвалитетни вина. Овој чекор е и голем напредок, кој го заокружува неколкугодишното вложување и инвестирање во работата и во обезбедувањето на најсовремени производствени капацитети во нашата винарија. Ваквите факти и сознанието дека вината на Стоби предизвикуваат сѐ поголем интерес кај дистрибутерите и консументите на овој пијалак ширум светот, нѐ прават особено горди и силно мотивирани за да продолжиме со исполнување на бизнис целите кон кои се стремиме“, изјави Јадранка Клариќ – Кимовска, комерцијален директор на Винарија Стоби.

Винарија Стоби за релативно краток временски период успеа освен на домашниот, да се пробие и на странските пазари со пласман на своите вина во поголемите земји како што се САД, Холандија, Чешка, Словенија, Србија, Германија, Русија и Бугарија.