Воспоставувањето на националниот кириличен домен (.мкд) ќе биде промовирано денеска во меѓународниот интернет простор.
Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници на кирилично писмо, опфакајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука како љ, њ, ѓ, ж, ч, ш, и џ.
Македонија е петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија.