Промотивна кампања за 02 лимит на НЛБ Банка

20

nlb banka

НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за 02 лимит – долгорочен револвинг кредит за правни лица, стои во соопштението на банката.

Сите кои ќе аплицираат до 31.07.2016 година, каматната стапка за 02 лимитот ќе изнесува 5,9%, којашто се пресметува само на искористениот дел.

02 лимит е револвинг кредит којшто е наменет за сите правни лица кои имаат потреба од дополнителни средства во своето тековно работење. Со овој кредит, како што се наведува, овозможува надминување на одредени сезонски флуктуации во паричните текови, како и премостување на одреден период до наплата на побарувањата од своите купувачи.

О2 лимит на фирмите им овозможува заштеда на време и средства, обезбедува сигурност и ликвидност во секојдневното работење.