Промовиран нов Контакт центар и нови даночни услуги на УЈП

28

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го претстави новиот Контакт центар, што ги исполнува стандардите за обезбедување брза, лесна и квалитетна даночна услуга, стои во соопштението.

“Новиот Контакт центар на УЈП ги исполнува сите стандарди за обезбедување на брза, лесна и квалитетна даночна услуга. Подобрувањето на условите и пристапот до нашите услуги, вклучувајќи ги и најранливите категории на нашето општество, развојот на кориснички ориентирани сервиси за фирмите и граѓаните, овозможување на електронска комуникација со нашите клиенти во секојдневното работење, полесен пристап до даночните информации, намалувањето на административните трошоци и поедноставувањето на постапките се целите кои ги постигнавме заедно со нашите партнери и со ЕУ поддршката од 1,5 милиони евра преку ИПА фондовите, преку која имплементиравме седум проекти“, стои во соопштението.

За даночните обврзници е обезбеден и пристап до новата специјализирана веб страница kontaktcentar.ujp.gov.mk и двете нови услуги на УЈП закажи средба и информа.