Промовиран прирачникот Tip of the week #1 на српски јазик

20

2

Прирачникот Tip of the Week #1 веќе можат да го читаат и читатели надвор од Македонија. По три години присуство на македонскиот пазар, отсега Прирачникот ќе може да се купи и на територијата на Србија, Црна Гора и БиХ. Официјалната промоција на прирачникот преведен на српски јазик се одржа во Белград на 18 април.

“На наш единствен начин ја запознавме публиката со овој уникатен и интерактивен прирачник за личен и професионален развој преку 30-минутна претстава со наслов “Историска претстава за интерактивен прирачник – 5 до 12″. Промоцијата помина во одлична атмосфера и во присуство на голем број посетители и потенцијални Tip of the week читатели”, велат авторите на прирачникот, Калин Бабушку и Петар Лазаров.

Повеќе информации за тоа каде може да се купи прирачникот на српски јазик во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, можете да најдете на следниот линк: http://finesa.edu.rs/tip-of-the-week-1/.

1

Tip of the Week® #1 е најпродаваниот прирачник за личен и професионален развој во Македонија, а минатата година излезе и Tip of the Week® #2. Прирачниците Tip of the Week® се наменети пред сѐ за деловни професионалци, така што компаниите може директно да го нарачаат од Македонија-Експорт Консалтинг, а индивидуални примероци може да се купат во книжарниците Култура, Три, Матица, Икона, Табернакул и Office plus.

Мотивирачките совети можете да ги читате и на Бизнис Инфо.