Промовирана авио линијата Будимпешта – Скопје преку Wizz Air

59

wizz-air-avion-fb

Фото: Facebook

Со пристигнување на авион од Wizz Air од Будимпешта на скопскиот аеродром официјално е промовирана новата авионска линија Будимпешта – Скопје –Будимпешта, јавува Миа.

До унгарската престолнина ќе се патува двапати неделно, односно секоја среда и секоја недела со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12:25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13:00 часот.

Со оваа нова авиолинија, македонските граѓани ќе имаат можност да патуваат не само до Будимпешта, туку ќе имаат пристап и до 61 друга дестинација низ Европа кои се достапни преку мрежата на Wizz Air. Билетите може да се резервираат на wizzair.com почнувајќи од 899 денари.

“Воведувањето на оваа линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на Wizz Air денеска е важен чекор напред за македонското воздухопловство, бидејќи со ова се исполнува побарувачката на пазарот што остана отворена во изминативе пет години, односно од февруари 2012 година. Со овој потег на Wizz Air, да ја воведе бараната линија Скопје – Будимпешта, ние сме сигурни дека патувањата ќе бидат многу полесни и дека нашите патници ќе бидат задоволни. Дополнително, очекуваме оваа линија да придонесе за пораст на туризмот, како и за бизнис размената меѓу двете земји, Македонија и Унгарија“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во 2016 година, со авиокомпанијата Wizz Air се превезени над еден милион патници што претставува пораст од 27% на годишно ниво. Компанијата нуди 29 линии до 13 земји од двата македонски аеродрома во Скопје и во Охрид, вклучувајќи ја и линијата од Скопје до Будимпешта.