Промовирана книга за македонските вина

58

vina1-564x272 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промовираше издание посветено на македонските вина и винарии.
Книгата насловена како „Вина од Македонија – краток водич за македонските вина и винарии“ е напишана на англиски јазик и е наменета за странските трговци и компании кои се потенцијални купувачи на македонското вино.
На почетокот содржи лирски воведен текст, а потоа следуваат осум клучни поглавја посветени на историјата на виното, традицијата и обичаите, винската култура и производството, како и врстите грозје кои успеваат на територијата на Македонија во 16-те виногорја. Во книгата е сместен и регистар на 83 винарии во земјава.
“Книгата е документ во кој е запишана историјата на македонското вино, карактеристичните сорти вино, винските региони и регистарот на винарски подруми”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Димовски напомена дека идејата за книгата е постара и оти на неа се работело една година.
Издавач е „Трето уво“, а отпечатени се 1.500 примероци кои ќе се користат за промоција на македонските вина на меѓународни саеми, а ќе им бидат поделени и на економските промотори.