Промовирани Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6 во Скопје

29

111

Попрецизен дизајн, повеќе простор, намалена потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови се само дел од перформансите кои се заеднички за двата нови модели на брендот Volkswagen – комерцијални возила. Новите Caddy 4 и Transporter T6 кои се окарактеризирани како моќни, безбедни и дизајнерски унапредени возила, денес беа промовирани во салонот Volkswagen на Порше Македонија.

„Порше Македонија ги лансира новите Volkswagen Caddy 4 и T6 на македонскиот пазар многу порано од предвидените термини, а тоа е уште една причина зошто ја освоивме наградата – Најдобар европски импортер за возилата од брендот Volkswagen – комерцијални возила. Денес на бизнисот, полн со предизвици, потребни му се партнери од доверба. Tокму такви партнери, македонските компании можат да најдат во Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6, економични и целосно прилагодливи на потребите на бизнисот. Дополнително, уште од самото претставување на пазарот, обезбедивме лизинг аранжман со 5,5% каматна стапка и 15% учество. Отворете го патот за новите Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6!”,  изјави генералниот менаџер на Порше Македонија, Златко Муцунски.

Новото Volkswagen Caddy дополнително е оптимизирано со цел да ги исполни и да ги задоволи различните потреби на клиентите. Caddy сега е поголем, попрактичен и помоќен за сите комерцијални клиенти, а во исто време има повеќе стил и висок квалитет. Новото Caddy 4 има поголема употребна вредност и атрактивна цена.

113

“Брендот Volkwagen – комерцијални возила ја претставува четвртата генерација на исклучително популарното Caddy кое од денес може да се набави во Порше Македонија. Претходниците на овој модел се продадоа во рекордни 1,5 милиони примероци. Новото Caddy 4 планира драстично да го зголеми овој импозантен резултат благодарение на подобрените перформанси и на потрошувачката која изнесува помалку од 4 литри на 100 километри, со што новото Caddy 4 е пријател на буџетот на секое претпријатие”, изјави Дејан Враниќ, бренд менаџер за Volkswagen – Комерцијални возила.

“Задоволни сме што во исто време можеме да претставиме уште една икона на брендот – новиот Transporter T6. Од 1950 година моделот поставува стандарди во поглед на дизајнот, економичноста и функционалноста. Новата шеста генерација е уште подобра од претходната. Т6 нуди повеќе комфорт, подобра динамика на возење и во исто време максимално е штедлив со горивото”, додаде Враниќ.

Кај новото Caddy на располагање е Front Assist – систем кој го намалува ризикот од удар напред. На располагање е и City Emergency Braking кој се вклучува доколку возачот не забележи некоја пречка движејќи се со брзина под 30 километри на час, по што се активираат сопирачките. Друга расположлива опција е и Driver Alert – систем кој регистрира промени во нормалното однесување и му препорачува на возачот да се одмори. Се вградува  и Adaptive Cruise Control кој го регистрира движењето на возилата напред и може да го забави движењето на Caddy 4 или целосно да го запре кога е потребно како, на пример, во сообраќајни метежи.

112

“И двете возила ги задоволуваат строгите ЕУ 6 стандарди, а на клиентите ќе им се допадне големата флексибилност на новите Caddy 4 и Transporter T6. Caddy 4 може брзо да се преобрази од возило со седум седишта до товарно возило со две седишта. Новото Caddy ги нуди најдобрите транспортни решенија за секоја ситуација во животот. Бројните иновативни решенија го прават Caddy идеално возило за трговските компании, за компаниите од услужниот сектор, за бизнис клиентите и за семејствата”, објасни Александар Цветковски, продукт менаџер во Порше Македонија.

Kaj Volkswagen T6 како опција се вградуваат и системите: Adaptive Cruise Control, Front Assist, Automatic Post-Collision Braking System, Driver Alert System како и ParkPilot кој има за цел да помогне при паркирањето на T6.

Новиот infotainment систем сите уреди ги поврзува преку Bluetooth hands-free со цел да му се овозможи на возачот безбедно да ги користи уредите, додека загреаните седишта во зима и клима уредот секогаш придонесуваат за пријатни температури во возилото.