Промовирани возила на електричен погон на Комунална хигиена

53

komunalna higiena skopje

На плоштадот Македонија денеска беа промовирани возилата на електричен погон на јавното претпријатие Комунална хигиена.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, денеска /08.02.2016 година, понеделник, на плоштадот Македонија ги промовираа  возилата на електричен погон на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

“Денеска ги промовираме возилата на електричен погон на ЈП Комунална хигиена, кое е меѓу првите јавни претпријатија кои набавија вакви возила, коишто ќе се користат за чистење, миење и полирање на мермерните плочки на плоштад Македонија, како и за чистење на другите плоштади и пешачките зони во централното градско подрачје. Комунална хигиена набави две возила на електричен погон- метлачки Еурека, едно возило метлачка на електричен погон со моќ на моторите 5 – 6 kw и едно специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка, за коишто издвои околу 13,5 милиони денари. Претходно и ЈП Градски паркинг набави 7 електромобили со ретро дизајн,  5 електротротинети, 10 електровелосипеди и уште пет електромобили. Исто така, Градот Скопје набави едно возило на електричен погон, 5 електроскутери и 5 електровелосипеди коишто ги користат вработените во градската администрација“, рече градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Директорот на ЈП Комуналана хигиена, Ракип Дочи, посочи дека овие возила се лесни за ракување, не создаваат бучава и не го загадуваат воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користат во делови она градот каде што има голема фреквенција на пешаци.

Двете возила на електричен погон – метлачки Еурека се од италијанско производство и се користат за одржување на хигиената на плоштадот Македонија и за другите плоштади, како и за пешачките зони во централното градско подрачје. Една метлачка може да исчисти 8.500 квадратни метри за еден час, а брзината на движење е од 4 до  8 километри на час. За набавка на двете возила на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“  потроши  5.750. 000 денари (без ДДВ).

Едното возило – метлачка е со моќ на моторите 5-6 kw, во континуирана работа и напојување на батерии од 48V. За набавка на ова возило на електричен погон ЈП „Комунална хигиена“ потроши 3.410.000 денари (без ДДВ).

Специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри – ѓубретарка со АC електричен мотор со максимална моќност 14 kw, со моќност на батерии од минимум 8,7 kw. Со едно полнење на батеријата возилото може да работи 9 часа.

За набавка на ова возило на електричен погон ЈП Комунална хигиена потроши 4.289.000 денари (без ДДВ).

ЈП Комуналана хигиена се подготвува да набави и три електромопеди – два од 2,5 kw и еден од 1,2 kw, кој ќе ги користат вработените на ова јавно претпријатие.