Просечен Европеец купува 26, а фрла 11 килограми текстил секоја година

37

Европската комисија треба да ја донесе Стратегијата за одржлив текстил во третиот квартал од оваа година, со која ќе се реши проблемот со сè повеќе присутниот текстилен отпад. Текстилниот сектор е идентификуван како приоритетен сектор во Европскиот зелен договор, Акцискиот план за циркуларна економија и Индустриската стратегија.

Во текстилната и индустријата за облека, во која работат 1,5 милиони луѓе низ ЕУ, доминираат малите и средни претпријатија. Дури 60% облека во ЕУ не се произведува во земјите членки. И покрај зголемената еколошка свест, просечен Европеец сепак купува 26 килограми текстил секоја година, а фрла 11 килограми. Помал процент на користена облека се извезува, но најголемиот дел, 87%, завршува на депонии или се гори. На глобално ниво, помалку од 1% од произведениот текстил се рециклира во нов текстил.

Затоа, Комисијата сугерира дека ЕУ треба да ги реши структурните слабости во собирањето, сортирањето и рециклирањето на текстилниот отпад во земјите членки. Комисијата има за цел да воспостави рамка што ќе создаде услови и стимулации за поттикнување на конкурентноста, одржливоста и еластичноста на европскиот текстилен сектор.

Фото: Freepik