Просечна бруто годишна заработувачка од 397.739 денари во 2014 година

21

Просечната бруто годишна заработувачка во 2014 година изнесува 397.739 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната бруто месечна заработка во октомври минатата година е 31.590 денари.

Највисока бруто годишна заработувачка во 2014 година, според дејности, највисока е во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во износ од 624.274 денари. Најмала, пак, бруто годишна заработка во 2014 година е забележана во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 237.495 денари.

Според региони, највисока бруто годишна заработка од 477.882 денари е регистрирана во Скопскиот регион, додека најниска е во североисточниот регион на земјава со 264.415 денари.

Државниот завод за статистика по вторпат ја спроведе Анкетата за структурата на заработувачката, 2014, со цел да се соберат податоци за вработеноста и структурата на платите во земјата.

Истражувањето овозможува да се увидат врските помеѓу платите кои им се исплатени на вработените, нивните индивидуални белези (пол, возраст, занимање, времетраење на вработувањето, ниво на образование и слично) и карактеристиките на деловниот субјект каде што лицата се вработени.