Просечна нето плата мај изнесуваше 25.270 денари

61

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај оваа година, изнесуваше 25.270 денари, додека во бруто износ е 37.520 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 3,1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10%), Градежништво (7,4%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7,2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,5 %), Градежништво (3,9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3,6 %).

Највисоки плати имало во секторот Информации и комуникации 44.809 денари, додека најниски во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 15.857 денари.

Фото: Pixabay