Просечна нето плата од 22.213 денари во октомври

28

denari 1

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 22.213 денари, додека во бруто износ е 32.597 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври во однос на истиот период лани е зголемена за 2,3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (34,2%), Административни и помошни услужни дејности (9,3%) и Други услужни дејности (8,3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (3,6%), Рударство и вадење на камен (3,6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,1%).

Во октомври 2015 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.