Просечна плата на Wall Street надминува 422.000 долари

65

Фото: Pixabay

Просечната плата на вработените во индустријата на хартии од вредност, вклучувајќи ги и бонусите, во Њујорк изнесува 422.500 долари во 2017 година, што е последна година за којашто се достапни податоците. Тоа е пет пати повисока од просечната плата во приватниот сектор во Њујорк.

Просечниот бонус што им се исплаќа на трговците на Wall Street се намали за повеќе од 30.000 долари и покрај скокот на профит од 11% во индустријата на хартии од вредност, пишува New York Daily News.

Просечниот годишен бонус исплатен на вработените во индустријата на хартии од вредност се намали во 2018 година за 17% на 153.700 долари, од 184.400 долари претходната година.

Профитот на брокерско – дилерските фирми, што се членки на Њујоршката берза, изнесува 27,3 милијарди долари во 2018 година, додека во 2017 година беше на ниво од 24,5 милијарди долари и покрај турбуленции на берзите на крајот на годината.