Просечната цена на нафтата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се зголеми на 73,36 долари за барел, информира денеска нафтениот картел на својата веб-страница.
Еден барел завчера се продаваше за 72,45 долари. За да се одреди цената на нафтата на ОПЕК, се користи т. н.„нафтена кошничка“, која вклучува 13 сорти нафта за извоз во земјите-членки на картелот: Саудиска Арабија, Ирак, Нигерија, Либија, Ангола, Иран, Кувајт, Венецуела, ОАЕ, Алжир, Габон, Конго и Екваторијална Гвинеја.
Историскиот максимум за „кошничката на ОПЕК“ беше 140,73 долари за барел, забележана на 3 јули 2008 година.
Цената на барел нафта се одредува со изведување на аритметичка просечна вредност од котирањата во моментот на затворање на трговијата со сите сорти од „кошничката на ОПЕК“ претходниот работен ден.
Фото: Pixabay