Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави денеска хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).
На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година.
Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за јули 2024 година е исплатена во секторот авиосообраќај и изнесува 2.248 евра.
За разлика од нив, најниска просечна нето плата во Хрватска е забележана во производството на облека во јули и изнесува 856 евра, се наведува на веб-страницата на ДЗС.