Просечната малопродажна цена на струја за домаќинства е 5.081 денари за киловатчас

46

Во второто полугодие на 2016 година во Република Македонија просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.081 денари по KWh, што во споредба со првото полугодие во 2016 година претставува раст од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3.206 до 7.990 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 12.842 до 14.994 денари по nm3 по групи на потрошувачи.