Просечната месечна исплатена нето плата во април изнесува 21.746 денари

denari iljadarki

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во април оваа година, изнесува 21.746 денари, додека во бруто износ е 31.939 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во април оваа година во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32,9%), Уметност, забава и рекреација (9,8%) и Други
услужни дејности (9,5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7,3%), Транспорт и складирање (4,3%) и
Информации и комуникации (3,7%).

Во април 2015 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.