Просечната месечна плата во јули изнесувала 24.072 денари

11

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, изнесува 106.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (26,6 %), Информации и комуникации (15,1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,6 %).

Намалување на просечната нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 %), Преработувачка индустрија (2,1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1,2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули, изнесува 24 072 денари, додека просечната бруто-плата за истиот период изнесува 35.322 денари.