Просечната нето плата 21.175 денари во април

20

denari 2

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во април оваа година изнесува 21.175 денари, додека во бруто износ истата е 31.027 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај нето платата во април, во однос на истиот период лани, забележан е пораст од 0,9%. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво за 7,4%, Дејности во врска со недвижен имот за 5,6% и Административни и помошни услужни дејности за 5,2%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5%, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,1% и Градежништво за 3%.

Во април оваа година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.