Просечната нето плата 21.278 денари во септември

21

denari 123

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември, изнесува 21.278 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто износот по вработен во септември 2014 изнесува 31.169 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во септември оваа година, во однос на истиот период лани, има во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7,8%, Градежништво за 7% и Рударство и вадење на камен за 6,6%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,5%, Преработувачка индустрија за 2,4% и Градежништво за 1,8%.

Во септември 2014 година, 0,9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.