Просечната нето плата во август е 22.294 денари

12

denari 1

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август, изнесува 22.294 денари, додека во бруто износ е 32.789 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е зголемена за 1,9%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Градежништво (10,1%), Административни и помошни услужни дејности (6,6%) и Преработувачка индустрија (4,3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (3%), Преработувачка индустрија (2,2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0,9%).

Во август 2016 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.