
Просечната јануарска месечна нето плата во Хрватска изнесуваше 1.511 евра, што е номинално повисока за 1,1 процент, а реално за 0,8 проценти во споредба со декември, објави Хрватскиот национален завод за статистика (ДЗС).
На годишно ниво, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 8,5 проценти, а реално за 4,9 проценти во споредба со јануари 2025 година.
Највисоката просечна месечна нето плата по вработен за јануари 2026 година, како и во претходните месеци, е исплатена во категоријата воздушен превоз и изнесува 2.352 евра.











