Просечната нето плата во јануари е 22.254 денари

12

 

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јануари изнесува 22.254, додека во бруто износ е 32.642 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата во јануари, во однос на истиот период лани, е зголемена за 2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14,5%), Административни и помошни услужни дејности (9,7%) и Градежништво (8,7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15,6%), Информации и комуникации (12,8%) и Преработувачка индустрија (7,2%).

Во текот на јануари 1% од вработените во Македонија не примиле плата.