Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари

71
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.6 %), Информации и комуникации (17.9 %) и Образование (17.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.3 %), Рударство и вадење на камен (5.7 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2023 година, изнесува 36. 527 денари.
Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јуни 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.7 %), Образование (17.9 %) и Информации и комуникации (17.7 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2023 година, изнесува 54. 720 денари.