Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето – плата по вработен во март во Македонија изнесувала 21.294 денари.
Споредено со претходниот месец, платата во март била поголема за 384 денари, а во споредба со јануари таа е поголема за 109 денари.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации 29,9%, Рударство и вадење на камен 6,1% и Градежништво 6%.
Споредувано на годишно ниво, просечната плата во март пораснала за 1%, што се должи пред се на зголемувањето на просечната плата во секторите: Транспорт и складирање 6,9%, Дејности на здравствена и социјална заштита 4,1% и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината 3,9%.
Просечната месечна исплатена бруто – плата по вработен во март 2013 изнесува 31.185 денари, а во овој месец плати не примиле 2,6% од вработените во Македонија.