Просечната нето плата во март е 22.053 денари

36

giving money

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март оваа година, изнесува 22.053 денари, додека во бруто износ е 32.392 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемена за 3%. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (16,8%), Информации и комуникации (14,6%) и Градежништво (12,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (10,7%), Административни и помошни услужни дејности (9,3%) и Рударство и вадење на камен (6%).

Во март 2016 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.