Просечната нето плата во март е 22.445 денари

10

pari-viluska-noz-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во март оваа година изнесува 22.445 денари, додека во бруто износ е 32.999 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е зголемена за 1,8%. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5%), Рударство и вадење на камен (7,2%) и Уметност, забава и рекреација (6,7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8,4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,3%) и Информации и комуникации (5,2%).

Во март 2017 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.