Просечната нето плата во Црна Гора е 771 еврo

32

Просечната плата без даноци и придонеси во февруари изнесува 771 евро, додека бруто платата во исто време изнесува 958 евра, покажуваат податоците на Управата за статистика – Монстат.

Како што прецизираат, просечната нето-плата во однос на јануари бележи зголемување од 1,8 отсто, додека во однос на февруари претходната година е зголемена за 9,2 отсто.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во февруари забележаа раст од 0,5 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период забележаа раст од 1,3 отсто“, додава Монстат.

Највисоки просечни нето плати минатиот месец добиле и вработените во финансиските и осигурителните институции – 1.223 евра, потоа 1.158 евра во снабдувањето со електрична енергија, а 1.042 евра во вадењето руда и камен.

Плати повисоки од републичкиот просек земале и вработените во информации и комуникации 992 евра, а во трговија со недвижности 931 евро. Во истата група се и работниците во здравството и социјалната заштита со 886 евра, во државната управа и одбраната – 855 и образованието – 804, додека оние кои се занимаваат со земјоделство, шумарство и рибарство биле на граница со приходи од 771 евро.

Од јануари до февруари, најголем раст на платите има во информациите и комуникациите (10,7%), рударството и вадењето камен (10,6%) и државната администрација и одбраната (9,3%).