Просечната плата во Србија достигна 827 евра

44

Според последниот извештај на Републичкиот завод за статистика, просечната бруто-плата во Србија пресметана за март 2024 година изнесува 133.373 динари (1,138евра) додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 96.913 динари (827,4 евра).

Растот на бруто-платата во периодот јануари-март 2024 година во однос на истиот период лани номинално изнесува 15,0 отсто, односно реално 8,8 отсто, додека просечната нето-плата номинално е зголемена за 14,9 отсто, односно реално 8,7 отсто. соопшти РЖС.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за март 2024 година е номинално повисока за 13,3 отсто, а реално за 7,9 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 13,4 отсто, а реално за 8,0 отсто.

Како и во претходните неколку години, најголема лична заработка е остварена во областа на компјутерското програмирање – 289.450 динари нето (2,471 евра), или 392.892 бруто (3,354 евра), со натамошен месечен раст од 4,6 отсто.