Просечно семејство во Македонија годишно троши: 268 кг леб, 137 литри млеко, 654 јајца, 10 литри кафе…

269

mleko leb i jajca

Едно просечно четиричлено семејство во Македонија во текот на минатата година потрошило 268,2 килограми леб, покажуваат податоците од Анкетата за потрошувачка на домаќинствата спроведена на 2.874 домаќинства.

Според овие податоци, од свеж и преработен зеленчук, домаќинствата најмногу трошат компир (109,7 килограми), пиперки (83,5 килограми) и домати (55,5 килограми). Од овошје, семејствата во Македонија најмногу сакаат јужно овошје, па лани во просек потрошиле 59,1 килограми. Зад нив, како омилено овошје им се лубениците и дињите со 42,5 килограми и јаболката со 41 килограм.

meso 1

Минатата година, едно просечно четиричлено семејство потрошило 44,6 килограми месо од живина, 38,2 килограми преработки од месо и 25,2 килограми јунешко и телешко месо. Кога станува збор за рибата, во свежа и замрзната форма на домашната трпеза била застапена со 19 килограми.

При подготовка на храната, семејствата лани потрошиле 58,5 литри масло за јадење, а само седум килограми отпаѓаат на други видови на маснотии.

mleko jogurt i sirenje

Од млечни производи, домаќинствата најмногу преферираат млеко, па лани се испиени околу 137,6 литри, зад нив се киселото млеко и јогуртот со 81,6 литри, додека сирењето е застапено со 39,3 килограми.

Во категоријата алкохолни, безалкохолни пијалаци и тутун доминираат безалкохолните пијалаци со 207 литри, 157 кутии цигари, 37,4 литри пиво и 6,4 литри вино. Минатата година, едно просечно македонско домаќинство потрошило 654 јајца, 49,4 килограми шеќер, 10,3 литри кафе и 24,7 килограми чоколадо.

kafe i cokolado