Проширување на котација на државни обврзници

112

Од Македонска берза информираат дека по поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 26.12.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација извршено е проширување на котацијата на државни обврзници со дополнителна номинална вредност од 600.000.000 денари.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pexels