Прослава на договор: Сите вработени ги награди со 10.000 долари и авиобилети за која било дестинација во светот

100

Извршната директорка и основач на компанијата за долна облека и облека Spanx ги изненади вработените со два авионски билети од прва класа и по 10.000 долари, за да го прослават договорот од 1,2 милијарди долари на компанијата со Blackstone.

Основачот на Spanx, Сара Блејкли ги изненади вработените со оваа вест, откри таа во објава на својот Инстаграм профил. Во видеото, Блејкли ја вртеше земјината топка, пред да открие дека на секој од нејзините вработени купила по две авионски билети од прва класа до кој било дел од светот. Таа додаде: „Ако одите на патување, можеби ќе сакате да излезете на навистина убава вечера, можеби ќе сакате да бидете во навистина убав хотел, така што со двa билети од прва класа за каде било во светот, можете ќе добиете по 10.000 долари“.