Прв ден од отворањето, луксузниот бутик Hermes заработи 2,7 милиони долари

137

Дали повторното отворање на луксузниот бутик Hermes во Кина е барометар што ќе се случува со луксузниот шопинг по пандемијата?

Продавницата во Гуангжу, наводно, остварила продажба од 2,7 милиони долари кога повторно се отворила, пренесува Luxlife. Оваа бројка се верува дека е највисокиот дневен пазар за еден бутик во Кина и им нуди надеж на луксузните брендови и трговците на мало за тоа како ќе изгледа економското закрепнување во наредните месеци.

Многу VIP купувачи го документирале своето пазарење преку социјалните мрежи. Еден клиент се пофалил на социјалните мрежи дека потрошила 142.124 долари купувајќи црна Birkin чанта, гардерова и обувки.

Париската куќа во Гуангжу е присутна од 2004 година.

Фото:Facebook