Прва инфо сесија на ФИТР

23

14368640_444970492339917_8494745883797549206_n

Фондот за иновации и технолошки развој, во петок на 23 септември 2016 година со почеток во 11:00, на Технолошко Металуршки Факултет Скопје – Амфитетар ФИНКИ ја организира првата од серијата инфо сесии на која сите заинтересирани ќе можат да чујат повеќе детали за процесот на аплицирање за натпреварите Скопски автобуски хакатон и Паметна автобуска постојка.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на натпреварите на следниве линкови:
– Скопски автобуски хакатон > http://jsphakaton.mk/
– Паметна автобуска постојка > https://goo.gl/LGp9Mb

Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје во насока на промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции, оваа година организираат два натпревари Паметна автобуска постојка и Скопски автобуски хакатон. Натпреварите се отворени за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат познавања во областа на развојот и дизајнот на идејни софтверски решенија и сакаат да се вклучат во креирањето и воведувањето на иновации во јавниот сектор, а со цел подобрување на јавните услуги.

За подетални информации заинтересираните за учество можат да се обратат до контакт канцеларија на Фондот за иновации и технолошки развој на ул.Димитрија Чуповски бр.8 (на Рекорд), на телефонскиот број 02/3 223 373 и на веб сајтот: http://jsphakaton.mk/.
Аплицирањето е електронски и трае до 15.10.2016 година.