Првата македонска Конференција за мобилни апликации ќе се одржи денеска во Скопје. MobileFirstMK е еднодневна конференција на која македонските ентузијасти и инженери за мобилни апликации првпат ќе имаат можност да го збогатат своето знаење од областа на развој на мобилни апликации. Ќе бидат разработени теми од сите аспекти на создавањето квалитетна апликација – од нејзиниот дизајн, самото програмирање и нејзиното претставување на пазарот.
Предвидени се и излагања на домашни и странски предавачи, а присутните ќе имаат можност да учествуваат и на панел дискусија за новитетите и насоките во индустријата.
Конференцијата е поддржана од хрватската софверска компанија FIVE, а ќе се одржи на ФОН Универзитетот.