Прва земја во светот што ќе забрани трговија со крзно

205

Израел има намера да забрани купување и продажба на животинско крзно, освен во посебно одобрени случаеви. Ова го изјави израелската министерка за заштита на животната средина Гила Гамлијел и додаде дека употребата на кожа и крзно во модната индустрија е неморално.

“Поради индустријата за крзно се убиваат стотици милиони животни ширум светот“, истакна Гамлијел.

Од израелското министерство за заштита на животната средина соопштија дека дозволите за употреба на крзно во иднина ќе се разгледуваат под посебни ограничени критериуми.

Меѓународната група за заштита на животни PETA го поздрави потегот на Израел, која е на пат да стане прва држава во светот којашто забранила купување и продажба на животинско крзно. Претходно тоа го имаат сторено само неколку градови во САД и Сао Паоло во Бразил.

BBC пишува дека моментално секој кој сака да купи или продаде крзно мора да поднесе барање за дозвола, но дека тоа според новите правила ќе биде дозволено исклучиво во случаите кога станува збор за научно истражување, образование, облека или поради религија и традиција.

Секој кој ќе го прекрши законот во Израел може да биде парично казнет со максимален износ од 22.000 долари или затвор од година дена.

Фото: Pixabay