National Geographic ТВ каналот за прв пат се појавува со реклама на американскиот Super Bowl. Во рекламата, актерот Џефри Раш го игра Ајнштајн и на виолина ја свири Bad Romance на Lady Gaga.
Видеото е дело на McCann Њујорк, а снимано е во Прага. Видеозаписот е промоција на серијалот Genius, посветен на иноваторите, што на National Geographic премиерно ќе се прикаже на 25 април.
Цената за прикажување на рекламите оваа година е пет милиони долари за 30 секунди.