Први во Европа – аеродром во Рим со паметни кациги ќе се справува со коронавирусот

136

Римскиот аеродром Fiumicino исто така познат како Leonardo da Vinci airport  е првиот во Европа што воведе “паметни кациги“ за мерење на температурата за да спречи ширење на коронавирусот.

Ова се преносни мерачи на температура, односно термоскенери во облик на кацига што им овозможуваат на вработените во аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание и до седум метри.

Ако уредот утврди температура над 37,5, ќе следи медицински преглед.
Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот Fiumicino за нормализирање на авиосообраќајот што е можно поскоро, со максимална безбедност на патниците.

Фото:YouTube Printscreen