Првиот адреналински парк во Хрватска почнува со работа во јули

26

Првиот адреналински парк во Хрватска, Fun Park Mirnovec крај Биоград на море, треба да почне со работа на 15 јули, по повеќе од една година изградба и подготовка, пишува Пословни дневник.

Паркот ќе има три тематски целини – Гусарски стар град, Див Запад и Вселена, со вкупно 24 атракции.

Цената на влезниците ќе зависи од возраста на посетителите. Во екот на сезоната, за возрасни ќе биде 25 евра, а за деца 13,5 евра.

Паркот се простира на површина од 45.000 метри квадратни, а во него се инвестирани 15 милиони евра.

1

2

3

4

5

6

Фото: Fun Park Mirnovec