Првиот човек на BioNTech сака да инвестира во неговата родна земја

30

Угур Сахин, човекот кој заедно со неговата сопруга Озлем Туреџи, стојат за вакцината против коронавирус на Pfizer и BioNTech, планира да инвестира во неговата родна земја, Турција.

Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк вели дека Сахин разговарал со него за можно отворање на истражувачки центар за канцер во Турција.

“Ќе ни биде чест да го угостиме во Турција“, вели Варанк за турските медиуми.

Сахин, кој е основач на германски BioNTech, претходно најави дека неговата компанија разговара со Научниот и технолошки истражувачки совет на Турција за заедничко инвестирање.

Сахин, заедно со неговата сопруга, се деца на турски имигранти во Германија, кои во 2008-ма година ја основаа компанијата што денес е меѓу заслужните за развој и дистрибуција на вакцини против коронавирусот.

BioNTech ги одложи истражувањата за канцер минатата година за да може да се фокусира на развој на вакцина.

Фото: Facebook