Првиот човек на Nikola, поднесе оставка

73

Американската компанија за производство на електрични камиони, Nikola соочена со обвинение за измама, соопшти дека основачот Тревор Милтон поднел оставка на местото претседател на компанијата.

Пред неколку дена компанијата Hindenburg Research објави извештај во којшто го проблематизира работењето на компанијата за производство на електрични камиони Nikola. Според извештајот составен од истражувачи од Hindenburg Research, Nikola е измама, а нејзиниот основач презентирал лажни информации со цел да ја зголеми вредноста на компанијата и спои со врвни производители на автомобили.

Инаку, General Motors на почетокот на септември најави дека презема 11% удел во Nikola, што влеа надеж кај инвеститорите дека вреди да се инвестира во новиот американски бренд, но акциите на компанијата паднаа 14% откако се изнесени обвинувањата.

Фото: Facebook