Првиот човек на Уникредит не исклучува целосно преземање на германската Комерцбанка

29

Извршниот директор на италијанската банка Уникредит Андреа Орсел не ја исклучи можноста за целосно преземање на франкфуртската Комерцбанк, во која Уникредит веќе има девет отсто од акциите.

Тој изјави дека моментално се разговара за опциите за спојување и преземање (M&A), пренесува Bloomberg.

„Можеме конструктивно да се ангажираме околу тоа дали сакаме да создадеме нешто повеќе од вредноста што Комерцбанка може сама да ја создаде“, рече Орсел.