Првиот ден на грчката берза заврши со рекордна загуба

20

grcka berza

Грчката берза на вчерашниот прв ден на тргување, по петнеделеното затворање, заврши со рекордна загуба од 16,2%, пишува Гардијан.

Најголем пад забележаа акциите на националните банки и водечките компании во земјата.

Акциите на Националната банка на Грција и Пиреус паднаа до максимално дозволената граница од 30%, додека акциите на Алфа банка и Еуробанка завршија во минус од 29,81%, односно 29,86%.

На првиот ден од тргувањето имаше само девет добитници, вклучувајќи го производителот на мебел Dromeas, којшто забележа раст од 29%.

Грчката берза функционира нормално за странските инвеститори, но локалните трговци се соочени со ограничување на трансакциите, со оглед на мерката за контролата на капиталот што грчката влада ја донесе минатиот месец. Како последица од ограничувањето, грчките инвеститори не можат со пари од банкарските сметки во Грција да купуваат хартии од вредност, но може да ги користат сметките што ги имаат во странските банки.